Достапни линкови

logo-print

Турција нема да го признае Крим за руска територија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го убедувал својот украински колега Петро Порошенко дека Анкара ќе продолжи да го смета Кримскиот полуостров, кој нелегално беше анектиран од Русија, како украинска територија.

Прес службата на украинскиот претседател соопшти вчера дека во телефонски разговор Ердоган му рекол на Порошенко дека Турција нема да ја промени својата црврста позиција во однос на поддршката на независноста на Украина и територијалниот интегритет во меѓународно признаените територијални граници.

Ердоган додал дека Анкара нема да ја признае “окупацијата на Крим” и дека ќе продолжи со поддршката на “кримските татари на секаков можен начин”.

Телефонскиот разговор меѓу Порошенко и Ердоган следува помалку од две недели по посетата на Ердоган на Русија на која се возобновија односите меѓу Москва и Анкара. Тие беа влошени последнава година по уривањето на руски воен авиот од страна на турската армија.

XS
SM
MD
LG