Достапни линкови

logo-print

Иран го обелодени новиот ракетен одбранбен систем


Иран објави фотографии од својата прв домашен ракетен одбранбен систем со голем дострел, Бавар – 373. На фотографиите што се објавени на неколку ирански новински агенции денеска се претседателот Хасан Рохани и министерот за одбрана Хосеин Дехган кои стојат до одбранбениот систем.

Рохани го надгледувал објектот каде што бил развиен одбранбениот систем јавуваат државните медиуми. Дехган рече дека Бавар-373 може да пресретнува ракети, беспилотни летала, борбени авиони.

Во телевизиското обраќање Рохани пак наведе дека иранскиот воен буџет е повеќе од двојно зголемен во однос на минатата година.

XS
SM
MD
LG