Достапни линкови

logo-print

Сириските авиони надлетуваат и покрај предупредувањето од САД


Сириските владини авиони вчера надлетуваа во северниот дел од земјата и покрај предупредувањето од американските власти да не извршуваат воздушни напади каде што тие имаат воени советници.

Трет ден по ред сириските авиони надлетуваат или напаѓаат позиции во северниот град Ал-Хасаках кој е под контрола на курдските сили кои се борат против исламските борци и силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Американските авиони на 19 август надлетаа над Ал-Хасаках во близина на два сириски авиони СУ-24 во обид да ги “охрабрат” да ја напуштат областа, јавуваат медиумите.

Портпаролот на Пентагон, капетанот Џеф Дејвис претходно изјави дека американските сили ги зголемуваат борбените воздушни патроли во близина на градот и го предупредуваат официјален Дамаск дека САД ќе ги бранат коалициони сили од напади. Дејвис посочи дека во засегнатата област има мала група на американски командоси кои ги обучуваат и советуваат борците на Сириските демократски сили кои се борат против претседателот Бараш Ал-Асад.

XS
SM
MD
LG