Достапни линкови

Почина братот на сириското момче извадено од урнатините


Постариот брат на сириското момче кое беше снимано покриено со прашина и крв по воздушниот напад во Алепо, почина од повредите добиени во истиот напад. Десетгодишниот Али Дагниш беше повреден заедно со неговиот петгодишен брат Омран во воздушен напад во Алепо на 17 месецов.

Видеото и сликите од Омран, покриен со прав и крв откако беше изваден од урнатините, широко се распространија по социјалните мрежи. Тој не беше сериозно повреден. Докторите велат дека неговиот брат Али починал од внатрешно крварење кратко време по нападот, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Во борбите и воздушните напади во и околу Алепо загинаа 448 цивили месецов, соопшти организацијата. Руското министерство за одбрана на 19 август отфрли каква било одговорност за воздушниот напад во Алепо во кој беше погоден домот на Али и Омран Дагниш.

XS
SM
MD
LG