Достапни линкови

Најмалку 30 загинати во експлозија на свадба во Турција


Турските власти соопштија дека најмалку 30 луѓе загинале во бомбашки напад на свадба во североисточна Турција. Локалниот гувернер Али Јерликаја рече дека во “терористичкиот напад” во градот Газиантепе вчера вечерта биле повредени 94 лица.

Претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган рече дека за нападот по се изгледа виновникот е Исламска држава. Тој додаде дека целта на ваквите напади е да поттикнат несогласувања по етнички и религиозни линии во Турција. Заменикот премиер Мехмет Симсек оцени дека варварскиот напад изгледа бил извршен од бомбаш самоубиец.

Ниту една група засега не ја презема одговорноста. Газиантепе е лоциран околу 60 километри од сириската граница. Во североисточна Турција, каде што претежно живеат Курди, во изминатата година имаше неколку смртоносни напади кои се поврзуваат или со курдските сепаратистички милитантни или со Исламска држава.

XS
SM
MD
LG