Достапни линкови

Времето денеска сончево и топло


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во текот на целата работна недела времето во земјава ќе биде променливо, во некои делови и претежно облачно, свежо и ветровито. Во понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа процесите ќе бидат поинтензивни.

Во следните денови ќе има врнежи со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. Температурите од вторник ќе бидат значително пониски и ќе се движат од 20 до 28 степени.

XS
SM
MD
LG