Достапни линкови

Ослободен со кауција висок член на ерменската опозиција


Апелацискиот суд во Ереван ја прифати кауцијата за уште еден истакнат член на ерменската опозиција кој е обвинет за поврзаност за учество во протести.

Судот вчера нареди Дејвид Санасариан кој е член на локалното собрание на Ереван од опозициската партија Наследство да плати околу 3100 американски долари пред да биде ослободен. На 17 август судот го ослободи Армен Мартиросиан, висок член на партијата.

Сансариан и Мартиросиан беа уапсени на 29 јули со уште еден член на опозициската партија и опозиски активист со обвинение дека организирале масовни попречувања за време на протестите тој ден.

На 16 август партијата објави дека се повлекува од локалните избори закажани за на есен поради апсењето на нивните водечки членови.

XS
SM
MD
LG