Достапни линкови

Јемен- Масовен марш во Сана за поддршка на проиранските бунтовници


Стотина илјади илјади луѓе денеска маршираат во јеменскиот главен град Сана во поддршка на советот кој е назначен да управува со земјата од страна на бунтовниците од племето Хути кои се поддржани од Иран.

Демонстрантите излегоа да дадат поддршка на десет члениот совет кој е назначен од страна на бунтовниците и нивните сојузници кои се лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех.

Како што пренесуваат агенциите, демонстрантите исто така го осудија бомбардирањето врз Јемен од страна на воената коалиција која ја предводи Саудиска Арабија која пак ја признава и поддржува владата на претседателот Абедрабо Мансур Хади.

На маршот, челникот на бунтовничкиот совет, Салех ал Самад најави дека во следните нколку дена ќе се донесе одлука за формирање на нова влада.

Воздушните напади врз поделената земја меѓу завојуваните страни се засилија по запирањето на мировните преговори меѓу владата и бунтовниците кои се одвиваа во Кувајт. Според Обединетите нации, повеќе од 6,400 луѓе се убиени од почетокт на воздушните напади.

XS
SM
MD
LG