Достапни линкови

ИД ја презеде одговорноста за нападот источно од Москва


Исламска држава ја презема одговорноста за нападот врз сообраќајна полиција во близина на Москва во кој беа убиени двајцата напаѓачи. Милитантната група ја презеде одговорноста преку агенцијата Амак која вообичаено ги пренесува нивните соопштенија.

Руските истражни органи соопштија дека ги идентификувале двајцата Чеченци, 21 годишниот Усман Мурдалов и 18 годишниот Сулим Исраилов кои имале огнено оружје и две секири и нападнале сообраќајна полиција источно од Москва на 17 месецов. Еден од нив беше убие за време на нападот, а другиот додека се обидувал да пружи вооружен отпор.

Во нападот беа повредени двајца полицајци, од кои еден посериозно.
Русија ги бомбардира ИД и другите милитанти во Сирија во воздушната кампања во поддршка на претседателот Башар ал-Асад.

XS
SM
MD
LG