Достапни линкови

Бајден побара воздржаност од Киев и Москва


Американскиот потпреседател Џо Бајден побара од Русија и од Украина да покажат воздржаност, ден откако украинскиот претседател Петро Порошенко предупреди дека не може да исклучи целосна руска инвазија.

Белата куќа соопшти дека Бајден зборувал телефонски со Порошенко вчера и рекол дека Соединетите држави пратиле порака до Русија дека светот гледа и ја вреднува потребата од смирување на ситуацијата. Бајден исто така побарал од Украина да покаже воздржаност додека двајцата лидери изразиле загриженост за актуелното засилување на борбите со проруските сепаратисти во источна Украина.

Разговорот на Бајден со Порошенко следува откако Пентагон го намали ризикот од руска инвазија на Украина.

XS
SM
MD
LG