Достапни линкови

Турскиот парламент го одобри договорот за помирување со Израел


Турскиот парламент го одобри договорот за помирување со кој треба да се нормализираат односите со Израел. Со ова се отвора пат за двете земји да ги обноват дипломатските односи.

Парламентот денеска гласаше за одобрување на договорот. Ратификацијата се очекуваше минатиот месец, но беше одложена по неуспешниот обид за пуч кој се случи во Турција на 15 јули.

Односите меѓу двете земји, кои порано беа блиски сојузници, се влошија пред шест години по нападот на турскиот брод, дел од флотилата која носеше помош за појасот Газа. При нападот од страна на израелските сили загинаа десет турски активисти. По нападот, Анкара го протера израелскиот амбасадор и ја замрзна воената соработка со Израел.

Израел сега има 25 работни денови да им плати 20 милиони долари отштета на жртвите.Со договорот исто така и се овозможува на Турција да доставува хуманитарна помош за Палестинците.

XS
SM
MD
LG