Достапни линкови

Талибанците преземаа област во провинцијата Кундуз


Авганистанските Талибанци денеска заземаа стратегиска област во североисточната провинција Кундуз, принудувајќи ги војниците да се повлечат. Талибанците ја нападнаа областа од различни позиции и ние го одбивавме нападот со часови, но не добивме помош. Областа падна во рацете на Талибанците, рече Хајатула Амири, шеф на областа Канабад.

Бунтовниците ја преземаа областа рано утрово, а има и тешки борби во неколку други области, соопштија властите.
Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид рече дека тие ја преземале областа заедно со возила и оружје.

Пред пет дена Талибанците преземаа област во блиската провинција Баглан, преземајќи ја и муницијата и возилата на владините сили. Авганистанските безбедносни сили се борат со Талибанците во 15 од 34 провинции соопшти министерството за одбрана.

XS
SM
MD
LG