Достапни линкови

Времето денеска сончево, температурата до 35 степени


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7.

За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

XS
SM
MD
LG