Достапни линкови

Ердоган наскоро во посета на Иран


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, чија земја ги поддржува сириските бунтовници, е во посета на Иран, земја која го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад. Чавушоглу со својот ирански колега Мухамед Џавад Зариф разговарал за регионални прашања, стои во соопштението на иранското Министерство за внатрешни работи. Зариф на 12 август беше во посета на Анкара и тогаш Турција и Иран се договорија заедно да соработуваат за решавање на сирискиот конфликт. Иранските медиуми пренесуваат дека постои можност во земјата во наредните денови да дојде и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

XS
SM
MD
LG