Достапни линкови

Поплавените да изберат во која банка да им се исплати отштета


Министерството за финансии ги повикува луѓето од поплавените региони, кај кои веќе била извршена проценка на штети, да поднесат известување во која банка да им се исплати авансната помош. Како што информираат од Министерството за финансии, исплатата на средствата ќе се изврши во готово, на шалтерите на онаа деловна банка за која лицето ќе се определи. Банките ќе ја вршат исплатата врз основа на документ за идентификација - лична карта или патна исправа.

Луѓето од поплавените региони треба да го пријават изборот на деловна банка на следните контакт телефони: 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743 и 02/3255-742. Пријавувањето може да го вршат утре и задутре од 9 до 17:30 часот, а во понеделник од 8:30 до 19 часот.

XS
SM
MD
LG