Достапни линкови

logo-print

Битолскиот градоначалник доби нови 30 дена притвор


Судот не само што не му го укина притворот на градоначалникот на Oпштина Битола Владимир Талески, туку му одреди нови 30 дена. Апелационен суд Скопје го потврди решението на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал, а ја одби жалбата на осомничениот против мерката куќен притвор, се наведува во соопштението од Основен суд - Скопје 1. Освен тоа кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 - Скопје донесе и решение со кое мерката куќен притвор против осомничениот В.Т. се продолжува за 30 дена, стои во соопштението.

Владимир Талески е осомничен во случајот Транспортер за проневера на службени пари за превоз на ученици. Вчера Апелациониот суд одржа јавна седница за случајот на Талески. Притворениот градоначалник вчера изјави дека очекува Апелација да му го укине притворот.

XS
SM
MD
LG