Достапни линкови

logo-print

Путин од Крим ја критикуваше Украина


Рускиот претседател Владимир Путин претседаваше со седницата на Советот за безбедност која се одржа на Крим, кој Русија во 2014 година го анектираше од Украина. Тој рече дека Украина се обидела да изврши саботажни напади на Крим, поради тоа што „Киев не е подготвен да го спроведе договорот од Минск“.

Претходно, Путин обвини дека Москва осуетила заговор за напади во Крим во организација на Киев. Украинските власти негираат каква била вклученост во каков било заговор, додека западни претставници велат дека Москва не обезбедила доволно докази за такво нешто. Путин пред Советот за безбедност рече дека се чини Киев „донел одлука за заострување на тензиите“, но оти Русија не планира да ги прекине дипломатските односи со Украина и покрај „неподготвеноста“ на Киев за „полноправни дипломатски односи на ниво на амбасадори“. Додека Путин зборуваше, Русија одржува воени вежби на Крим. Ова е петта посета на Путин на Крим по анексијата.

XS
SM
MD
LG