Достапни линкови

logo-print

Американци на платниот список на поранешната украинска власт


Украинските власти објавија извадоци од тајните сметководствени книги на партијата на поранешниот претседател Виктор Јанукович во кои се документирани над 12,7 милиони долари „исплати под маса“ за Пол Манафор, претседател на кампањата на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп.

Податоците што ги објави Националното антикорупциско биро на Украина(НАБУ) покажуваат дека Манафорт добивал пари за „услуги“, „испитувања на јавното миселење“, „персонални компјутери“ и за „социологија“. Рачно пишуваните белешки се за пет години, од 20 ноември 2007 до 5 октомври 2012, кога Манафорт работеше за владејачката украинска Партија на регионите на Јанукович. По соборувањето од власт во 2014 година, тој побегна во Русија.

НАБУ сепак посочува дека тоа што неговото име го има во сметководствените книги на партијата, тоа не значи дека ги добил парите, зашто потписите за прием се на други лица. Манафорт вели дека никогаш не добил нелегални исплати, од украинскиот пратеник и антикорупционер Сергеј Лешченко вели дека тој сепак ги примал исплатите. Парите се исплатени во кеш и не може да се следат, но нема сомнеж во автентичноста на документите, вели тој. Манафорт негира дека давал „директна лобистичка поддршка“ за украинската влада.

Тој не е единствениот Американец кој според документите добивал пари од тогашната украинска власт. Во документите се наведува и дека на долгогодишниот водител на Си-Ен-Ен Лери Кинг му биле платени 225 илјади долари за „интервју“. Се претпоставува дека се работи за интервјуто со тогашниот премиер Микола Азаров во 2011 година, кое не беше емитувано на Си-Ен-Ен и нејасно е дали некаде било емитувано. Си-Ен-Ен во 2012 ја прекина соработката со Кинг, а од 2013 тој работи за руската државно финансирана телевизија Раша тудеј.

XS
SM
MD
LG