Достапни линкови

Жената на Саакашвили сака да биде пратеник


Сопругата на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, ќе се кандидира за пратеник во Парламентот на Грузија. Неговата сопруга Сандра Рулофс, која е родена во Холандија, денеска рече дека ќе се кандидира за пратеник на изборите кои треба да се одржат на 8 октомври. Саакашвили, кој во моментов е гувернер на регион Одеса во Украина, речиси една деценија беше на власт во Грузија. Тој ја напушти земјата, откако неговиот мандат заврши во 2013.
Грузиските власти започнаа четири истраги против Саакашвили, обвинувајќи го дека ја злоупотребувал функцијата. Во декември, на Саакашвили му беше одземено грузиското државјанство, откако тој прифати да има украински пасош.

XS
SM
MD
LG