Достапни линкови

Црвениот крст линеарно ќе дели пари за поплавените


Акцијата за собирање средства за настраданото населението во поплавите во скопскиот регион ќе трае до 22 август, по што ќе се направи анализа дали акцијата ќе продолжи или ќе почне да им се исплаќаат пари на загрозените семејства, изјави генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. Тој вели дека веднаш кога ќе се уверат дека е достапен списокот на семејства, Црвениот крст ќе почне да доделува средства. Принципот според кој ќе се делат парите, ќе се дискутира денеска и веројатно ќе биде по пат на линеарен надомест, односно линеарна помош и поддршка на настраданите семејства.

XS
SM
MD
LG