Достапни линкови

logo-print

Турција денеска апси академици и банкарски регулатори


Турското обвинителство издаде налог за апсење на 84 академици за кои постои сомнeвање дека соработувале со проповедникот Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за државен удар во земјата во јули. Освен тоа полицијата уапси и 29 инспектори од државното надзорно банкарско тело. Инспекторите се обвинети за неправилни инспекции.

Во меѓувреме турскиот министер за одбрана Фикри Ишик изјави дека 137 воени лица обвинети за поддршка на воениот удар се во бегство, а меѓу нив има девет генерали и адмирали. Ова е последното во низата на масовни акции што властите ги преземаат после обидот за пуч. Досега повеќе од 40 илјади луѓе се приведени, половина од нив се формално уапсени. Повеќе од 80 илјади луѓе се суспендирани од нивните работни места.

XS
SM
MD
LG