Достапни линкови

Русија се согласи на прекин на огнот во Сирија по видеото со детето


Русија се согласи на 48 часовен прекин на огнот во сирискиот град Алепо откако потресното видео со сириското момче повредено во воздушните напади вчера беше широко распространето на интернет. Сликата на збунетото и уморно дете кое седи во амбуланта со лице прекриено со прав и крв го покажа и хоророт во градот, упориште на сириските бунтовници, кој е опколен со месеци од владините сили поддржани со руски воздушни напади.

Големата распространетост на видеото и ужаснатата меѓународна реакција потсетува на реакцијата минатата година по фотографијата на сириско дете чие тело беше исфрлено од морето на турското крајбрежје.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби за момчето од Алепо рече дека тоа мало дете немало ниту ден во неговиот живот без војна, смрт, деструкција и сиромаштија во неговата земја.

Прекинот на огнот идната недела ќе овозможи во Алепо да пристигне хуманитарна помош и ќе биде „пилот проект“ за иден можен прекин на огнот, рече доцна вчера рускиот генерал Игор Конашненков. Тој рече дека Русија е подготвена да обезбеди заштита во обидите на Обединетите нации за доставување помош во градот.

XS
SM
MD
LG