Достапни линкови

Меркел: Бурките пречка за интеграција


Германската канцеларка Ангела Меркел оценува дека носењето марама со која се прикрива лицето и целото тело е препрека за муслиманките да се интегрираат во германското општество.

„Од моја гледна точка, целосно покриените жени во Германија имаат многу мали шанси да се интегрираат во германското општество“, вели Меркел. Некои членови од партијата на Меркел неодамна побараа да се забрани носење на бурки и други видови марами кои го прекриваат целото тело. Но сојузниот министер за внатрешни работи се противи на потполна забрана и вели дека тој предлог најверојатно ќе биде отфрлен од Уставниот суд.

XS
SM
MD
LG