Достапни линкови

Ердоган: И зад денешните напади стои Ѓулен


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини поддржувачите на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен дека се вмешани во денешните три бомбашки напади во југоисточна Турција, за кои властите ја обвинија забранетата Курдска работничка партија.

Во последните 24 часа се случија три напади врз полициски и воени сили во Турција, при што загинаа најмалку 12 луѓе, а 226 се ранети.

Ердоган, во говор што директно го пренесуваше државната телевизија ТРТ, истакна дека на Турција и се закануваат различни терористички организации со заеднички напади.

Тој посочи дека приврзаниците на Ѓулен се соучесници во нападите на курдските екстремисти во последните 24 часа.

XS
SM
MD
LG