Достапни линкови

ЕУ бара прекин на борбите во Алепо


Европската унија бара моментален прекин на борбите во Алепо, за да можат да се реализираат хуманитарните операции и да се овоможи доставување на помош, соопшти денеска шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Во соопштението се наведува дека е неопходно да се евакуираат ранетите и болните, да се достави хуманитарна помош и да се обнови водоводната и електричната инсталација. Алепо, вториот по големина град во Сирија е поделен од 2012 меѓу бунтовниците и сириските сили.

XS
SM
MD
LG