Достапни линкови

logo-print

Русија е за 48 часовно примирје во Алепо


Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија е подготвена да го поддржи апeлот на ОН за 48 часовен прекин на огнот во Алепо во Сирија, за да се овозможи хуманитарна помош на населението. Портпаролот на Министерството Игор Конашенков вели дека ќе го поддржат апелот под услов конвоите со хуманитарна помош да одат и во деловите под контрола на бунтовниците и во деловите под контрола на владините сириски сили. Тој додава дека се подготвени да го поддржат предлогот испораката да почне следната недела.

XS
SM
MD
LG