Достапни линкови

logo-print

Турција конфискуваше имот на 187 бизнисмени


Истанбулското Обвинителство денеска нареди конфискација на имотот на 187 бизнисмени осомничени за поврзаност со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за обидот за воен удар на 15 јули.

При операција на финансиската полиција во Истанбул и уште 17 други градови денеска беа приведени 50 осомничени, вклучително и директори на големи фирми.

Обвинителството издаде 187 налози за апсење во рамките на операцијата, насочена и кон претседателот на Конфедерацијата на турски бизнисмени и индустријалци Разанур Мерал и други познати бизнисмени. Тие се обвинети дека ја финансирале организацијата на Ѓулен.

Тоа е втора слични операција од почетокот на неделата.

XS
SM
MD
LG