Достапни линкови

Киригистан уапси членови на исламска група


Властите во Киргистан во јужниот регион Ош уапсиле група на религиозни следбеници кои се обвинети дека нелегално држале исламска настава.

Портпаролот на регионалната полиција во Ош денеска соопшти дека се уапсени седум членови на движењето Јагун Инкар, меѓу нив и тинејџери, кои ширеле исламистички идеи, но без правна дозвола.

Активностите на движењето не се забранети во Киргистан, но верските организации треба да добијат дозвола од локалните власти за да ги промовираат своите ставови.

Членовите на групата живеат како да се во седмиот век, кога пророкот Мухамед бил жив. Тие не користат современи технички уреди, патуваат пешки, не се шишаат и носат само традиционална бела арапски облека.

XS
SM
MD
LG