Достапни линкови

Ќе се испитува дали поплавената почва е загадена


Министерството за земјоделство ќе ја испитува почвата во поплавените подрачја. Примероци ќе бидат однесени на анализа во лаборатории и за 10 дена ќе се знае дали земјоделците ќе можат повторно да ги сеат и обработуваат нивите, најави денеска заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски

Тој денеска беше во посета на Страчинци заедно со Деканот на Факултетот за земјоделски науки Драги Димитриевски, со професори од Факултетот и стручни лица за да земат примероци и да може да се реализира мерката на Владата за испитување на почвата која беше погодена од поплавите.

Доколку почвата е загадена ќе бидат предложени и преземени мерки за таа да се врати во првобитната состојба пред поплавите.

XS
SM
MD
LG