Достапни линкови

Турција стравува од терористички напади


Властите во Турција го зголемија степенот на терористичка закана во државата по најновата серија напади.

Во Турција во изминатите 24 часа имаше три напади врз полициски и воени сили во кои загинаа најмалку 11 луѓе и над 220 се повредени.

Турските власти сметаат дека одговорни за тие напади, што се случија на југоисток во државата, се припадници на Работничката партија на Курдистан.

XS
SM
MD
LG