Достапни линкови

Украина против набљудувачи на изборите во Крим


Украина се противи на одлуката на Заедницата на независни држави да испратат набљудувачи на изборите во анакетираниот Крим. Министерството за надворешни работи на Украина денеска објави соопштение во кое се наведува дека изборите во Крим нема да имаат никакви правни последици и додаваат дека кое било следење на тие избори би било фарса и Украина на тоа ќе гледа како на непријателски потег.
ЗНД е организација на поранешни советски републики. Девет од нив - Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан и Узбекистан - се полноправни членки, а Туркменистан и Украина се придружни членки. Грузија се повлече од организацијата по војната против Русија во 2008 година.

XS
SM
MD
LG