Достапни линкови

logo-print

Талески наскоро очекува расплет на неговиот случај


Градоначалникот на Oпштина Битола Владимир Талески кој е во притвор, очекува наскоро расплет на случајот. Тој е осомничен во случајот Транспортер за проневера на службени пари за превоз на ученици. Денеска Апелациониот суд одржа јавна седница за случајот на Талески. Притворениот градоначалник вели дека вистината е на нивна страна и очекува Апелација тоа да го согледа и да му го укине притворот. Талески вели дека од дома раководи со општината.

Случајот го отвори СЈО, а Талески втор пат доби притвор во траење од 30 дена. Одбраната на Талески се покажи на одлуката за притвор и бара тој да биде укинат, а СЈО бара притоворот да остане на сила.

XS
SM
MD
LG