Достапни линкови

Три бомбашки напади во источна Турција


Најмалку девет луѓе загинаа, а повеќе од 200 се повредени во три одвоени бомбашки напади на полициски цели во источна Турција. Турските власти ги обвинуваат припадниците на Курдската работничка партија за нападите.

Во експлозија на бомба во Битлиш во југоисточна Турција загинаа тројца војници, а повредени беа шестмина. Бомбата била насочена кон воено возило.

Рано утрото автомобил бомба експлодира пред локалната полициска станица во градотВан, при што загинаа двајца полицајци и еден цивил, а околу 73 други, меѓу кои 20 полицајци беа повредени.

Неколку часа подоцна, автомобил експлодираше и пред полициска станица во Елазиг, при што загинаа тројца полицајци , а околу 170 се повредени.

Засега никој не презеде одговорност за нападите.

XS
SM
MD
LG