Достапни линкови

Кражби во поплавените региони


Полицијата вчера регистрирала кражби во Стајковци, Црешево и Економија, места погодени со неодамнешните поплави. Според соопштението од полицијата, непознат сторител крадел гориво од товарни возила, сопственост на „Илинден-АД“ Струга, при што се украдени 240 литри дизел гориво. Возилата биле паркирани на обиколницата кај Стајковци. Во село Црешево, пак, од двор се украдени девет железни шипки и 210 железни узенгии, додека во Економија (Сингелиќ) исто така од двор е одземен мобилен телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичните дела.

XS
SM
MD
LG