Достапни линкови

Милион работници од Источна Европа работат во Британија


Бројот на работници во Велика Британија, од осумте земји од Источна Европа, кои станаа членки на ЕУ во мај 2004 година, првпат надмина еден милион луѓе, покажува најновиот извештај на Државното биро за статистика (ОНС).

Во вториот квартал од оваа година, во периодот од април до крајот на јуни, за 44 илјади е зголемен бројот на работниците од Полска, Чешка, Унгарија, Словачка, Литванија, Естонија, Летонија и Словенија, споредено со истиот период во 2015 година. Пазарот на трудот со работниците од овие осум поранешни комунистички земји, за десет години е зголемен дури за четири пати. Најголемиот удел во ваквиот раст го имаат Полјаците кои се далеку најбројната етничка заедница од Источна Европа.

Во Британија работат и 260 илјади Бугари и Романци.

Сега во британската економија има 2,2 милиони вработени од земјите членки на ЕУ, што за една година претставува раст од 200 илјади луѓе.

Во истиот овој период, невработеноста во Британија продолжува да се намалува.

XS
SM
MD
LG