Достапни линкови

Уште две странски невладини непожелни во Русија


Руските власти додадоа уште две странски невладини организации на листата непожелни во земјата, велат од Канцеларијата на генералниот руски обвинител. обвинителот постапувал по законот со кој Москва забранува странски организации да ја поткопуваат руската национална безбедност.

Од Канцеларијата на обвинителот велат дека како непожелни се додадени американските организации - Меѓународниот републикански институт и Фондацијата за развој на медиуми. Тие биле квалификувани како непожелни на руска територија, оти претставуваат закана за уставниот поредок и безбедноста на Русија. Во март на листата на непожелни се најде организацијата Национален демократски институт. Трите организации со години го поддржуваат развојот на демократски институции во Русија и во други поранешни советски републики. Критичарите на овој закон велат дека со него се задушува граѓанското општество.

XS
SM
MD
LG