Достапни линкови

Експлозии во Турција пред полициски станици


Во две одвоени експозии на автомобил бомби во Турција во близина на полициски станица, загинаа шест луѓе, а повеќе од 200 се повредени. Во експлозијата пред локалната полициска станица во градот Ван, загинаа двајца полицајци и еден цивил, а 73 луѓе, меѓу кои 20 полицајци, се повредени. Подоцна експлодира автомобил бомба исто така пред полициска станица во Елазиг, при што загинаа тројца полицајци, а околу 150 беа повредени.

Властите во двата града обвинуват дека зад нападите стои забранетата Курдистанска работничка партија, иако досега никој не презеде одговорност. Напаѓачот кој го паркирал возилото пред полициската станица во градот Ван бил уапсен, велат локалните власти.

XS
SM
MD
LG