Достапни линкови

Иванов: На АРМ да ѝ се даде она што ѝ припаѓа


Не може да се дозволи целиот товар во справувањето со елементарните непогоди да паѓа врз Армијата и полицијата, кога во исто време имаат распоредени сили за заштита на државната граница. Неодговорно е да се трошат ресурсите на Армијата за да се штедат сопствените ресурси, порача претседателот на Ѓорге Иванов во обраќањето по повод одбележувањето на 18 август – Денот на Армијата, осврнувајќи се на неодамнешните поплави кои го зафатија скопскиот регион.

Иванов упати повик до надлежните институции од системот за управување со кризи и од системот за заштита и спасување да постапуваат во согласност со своите законски надлежности.

Иванов додаде дека постојаниот ангажман на АРМ при елементарните непогоди не е трајно решение, дека е неопходна зголемена институционална соработка меѓу институциите на централно и локално ниво и дека не смее да се чека катастрофата да се случи за да се дејствува реактивно.

Претседателот вели дека на Армијата треба да ѝ се даде она што ѝ припаѓа

Парадоксално е што Армијата како институција постојано се истакнува со својата подготвеност и пожртвуваност, а секоја година нејзиниот буџет се намалува.

XS
SM
MD
LG