Достапни линкови

Автомобил бомба експлодира во источна Турција


За експлозијата на автомобил бомба во источниот турски град Ван е обвинета Турската работничка партија (ПКК). Во нападот што се случи денеска чија цел беше локална полициска станица загинаа три лица, а околу 40 луѓе се повредени.

Иако турските власти се соочуваат со речиси дневни инциденти со ПКК откако лани пропадна договорот за прекин на огнот, Ван досега генерално беше мирен.

Насилствата се случуваа главно во блискиот град Дијарбакир каде што пред три дена загинаа осум лица исто така во експлозија на автомобил бомба.

ПКК почна со вооружената битка за независност во 1984 година и од тогаш досега во насилствата загинаа околу 40 000 луѓе.

XS
SM
MD
LG