Достапни линкови

logo-print

Почнува уписот на Скопскиот универзитет, слободни 10.535 места


На Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок за запишување во прва година во академската 2016/2017 година.

На најстариот и најголемиот универзитет во Македонија слободни се вкупно 10.535 места, од кои 6.606 за редовни студенти во државна квота, 2.819 во квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите и 1.110 за вонредни студенти.

Како и во изминатите години, надоместот за редовните студенти е 200 евра, односно 100 евра за дисперзирани студиски програми, а износот за студиите со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра.

Вториот уписен рок на УКИМ е5 септември, а на факултетите на кои ќе останат слободни места ќе има и трет рок на 15 септември, кога и почнува новата студиска година.

XS
SM
MD
LG