Достапни линкови

СДСМ и Одбрана за оклопните возила


Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска обвини дека Министерството за одбрана спроведува постапка за набавка на оклопни возила во вредност од 250 милиони евра и побара таа да биде поништена бидејќи според СДСМ се работи за спорен тендер кој се спроведува три ипол месеци пред избори.

Тој додаде дека единствен критериум при изборот на најповолен понудувач ќе биде цената што покажува дека не се води грижа за квалитетот на оклопните возила.

Министерството за одбрана соопшти дека неосновано се пласираат информации во јавност за набавка на опрема која е во насока на модернизација на Армијата. Модернизацијата на армијата за секоја држава е стратегиско прашање, кое не треба да се гледа од краткорочен аспект, се наведува во реакцијата на Министерството.

XS
SM
MD
LG