Достапни линкови

Во Фондот за солидарност собрани над 27 милиони денари за поплавените


Црвениот крст информира дека до денеска за настраданото население од поплавите собрани повеќе од 27, 5 милиони денари на сметката на Фондот на солидарност, а собрани се и повеќе од 13 милиони денари преку отворените телефонски линии. Црвениот крст дистрибуирал над 27 илјади пакети со храна,како и илјадници хигиенски пакети, бебешки пакети, ќебиња, облека, душеци и други што им било потребно на населението во полавените региони.

Укажани се 123 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

XS
SM
MD
LG