Достапни линкови

Иран потврди дека Русија користи нивна воена база


Иранските власти потврдија дека Русија користи една нивна воена база за да врши воздушни напади врз цели во Сирија. Претседателот на парламентарниот одбор за државна безбедност Аледин Бурџердија потврди дека се користи барата Хамадан.

Руското министерство за надворешни работи претходно ги отфрли тврдењата на САД дека со користењето на иранската база Русија ги прекршува санкциите на ОН против Иран. Русија од вчера ја користи базата во Иран за напад на цели на организацијата Исламска држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG