Достапни линкови

logo-print

Таџикистанскиот претседател предлага масовна амнестија


Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон предложи закон за амнестија со кој треба да се ослободат 12 илјади затвореници. Од претседателската прес-служба денеска соопштија дека повеќе од 3.000 затвореници ќе бидат ослободени од затворите, а повеќе од 4.000 луѓе кои се со условни казни или со казни кои не се поврзани со затвор ќе бидат целосно амнестирани, според предложениот закон. Освен тоа за уште 5.000 луѓе ќе биде запрена истрага против нив. Со амнестијата ќе бидат опфатени жени, тинејџери, мажи постари од 55 години и борци од војните и воените операции. Оние кои се осудени за тешки кривични дела како убиство, тероризам, верски екстремизам и други слични кривични дела нема да бидат предмет на амнестија, велат од прес-службата.

Амнестијата е предложен во чест на 25-годишнината од независноста на Таџикистан, која ќе биде одбележана на 9 септември.

XS
SM
MD
LG