Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ја стартуваше изборната кампања на СДСМ


ВМРО-ДПМНЕ смета дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со скорешните активности ја стартувало изборната кампања на СДСМ во недостиг на идеи, просекти и програма со која оваа партија би излегла пред граѓаните.

Од партијата сметаат дека Јанева пред неколку дена направила нов преседан кога сама го иницирала нарачаниот театар испраќајќи повик до медиумите дека „во периодот што следи ќе имало зголемена фреквенција на лица во СЈО“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се залага за борба против криминалот, но, нема да премолчат политичка злоупотреба на институциите и политички пресметки чија единствена цел е политичка дискредитација.

XS
SM
MD
LG