Достапни линкови

Договорот Турција - Израел чека на турска ратификација


Турскиот парламент денеска го доби на ратификација договорот за нормализација на односите со Израел, што беше одложено поради обидот за пуч во државата.

Во јуни Турција и Израел потпишаа договор за обнова на односите, нарушени по инцидентот од 2010 година во кој израелската Воена морнарица уби 10 турски про-палестински активисти кои сакаа со брод да пробијат блокада во Појасот Газа.

Текстот на договорот доставен до Парламентот потврдува дека Израел ќе и исплати на Турција 20 милиони долари надомест во рок од 25 дена. Израел во јуни го одобри договорот со Турција, оставајќи на Анкара конечен чекор – ратификација.

XS
SM
MD
LG