Достапни линкови

logo-print

Бајден: САД се на страна на народот во Косово


САД ќе застанат на страна на народот на Косовo и ако вие успеете, регионот ќе биде успешен, рече заменик претседателот на САД Џо Бајден за време на посетата на Приштина.

Тој се сретна со претседателот на Косово, Хашим Тачи, и со премиерот Иса Мустафа. Бајден побара Косово да вложи максимални напори за да го спроведе договорот со Белград за нормализација на односите меѓу двете земји.

Говорејќи по Бајден, Тачи рече дека добрососедските односи со Србија се стратешка цел за неговата земја. Тој вели дека нема да бидат затвореници на минатото.

XS
SM
MD
LG