Достапни линкови

Русија продолжува со напади во Сирија од база во Иран


Руски воени авиони продолжуваат да напаѓаат цели во Сирија користејќи ја воената база во Иран, втор ден по ред. Од руското Министерство за одбрана соопштија дека нивни авиони полетале од воената база Хаманд во северозападен Иран и нападнале цели во сириската провинција Деир-ез Зор, а потоа сите авиони безбедно се вратиле во базата.

Во меѓувреме извори од Министерството за надворешни работи на Русија велат дека Москва ги отфрла обвинувањата од САД дека Русија со нападите во Сирија користејќи база во Иран ја прекршува резолуцијата на ОН.

Откако Русија вчера започна со воздушните напади користејќи ја базата во Иран, портпаролот на американскиот Стејт департмент Марк Тонер изјави дека операциите може да ја прекршат резолуцијата на ОН се која се забранува на Иран да му се обезбедат воени авиони.

XS
SM
MD
LG