Достапни линкови

Бајден пристигна во Косово, денеска средби со Тачи и Мустафа


Американскиот потпретседател Џо Бајден пристигна во Косово по еднодневната посета на Белград каде што се сретна со највисоките српски државни претставници. На аеродромот во Приштина тој беше пречекан од косовскиот претседател Хашим Тачи и неговата сопруга. На аеродромот беше и Маљинда Келменди која освои злато во џудо на Олимписките игри во Рио и стана хероина во Косово.

Бајден денеска ќе разговара со претседателот Тачи и косовскиот премиер Иса Мустафа. Тој и неговата сопруга ќе присуствуваат и на церемонија на именување на улица во Приштина со името на нивниот починат син Бо Бајден.

Во Србија американскиот потпретседател се сретна со претседателот Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ. Од властите во Белград побара нормализирање на односите со Косово, а изрази и сочувство до семејствата на жртвите кои загинаа во бомбардирањата на НАТО во Србија во 1999 година.

XS
SM
MD
LG