Достапни линкови

logo-print

Почесна стрелба во пресрет на Денот на АРМ


Армијата на Република Македонија (АРМ) годинава одбележува 24 години од формирањето. Во пресрет на утрешното одбележување на Денот на Армијата, делегации од Владата, Собранието, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ ќе положат цвеќе пред Споменикот на Партизански гробишта, на вечните домови на поранешните претседатели и врховни команданти Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски и пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година.

Вечер ќе се одржи традиционалната почесна артилериска стрелба со истрелување на десет плотуни од артилериски орудија на артилерискиот баталјон на АРМ во касарната „Илинден“.

Оваа година, Денот на АРМ ќе биде симболично одбележан поради трагичните настани со поплавите во скопскиот регион. Одлуката за симболично одбележување на Денот на АРМ беше донесена вчера од страна на Министерството за одбрана.

На 18 август 1943 година на Славеј Планина, во областа Дебарца, беше формиран баталјонот „Мирче Ацев", кој се смета за првата организирана воена формацијана НОВ наМакедонија. Денот на формирањето на баталјонот се смета зароденден на АРМ.

XS
SM
MD
LG